понеделник, 25 декември, 2025 година

Ако треба да го регистрирате возилото – ПСС објави какви се ограничувањата и како да се однесувате

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Доколку имате потреба од регистрирање на автомобилот, а согласно новата ситуација од ПСС објавија како ќе работат од утре, понеделник 16 март. Се во согласност на актуелната ситуација поради „Корона“ вирусот, превентивните и заштитни мерки кои ПСС ги превзема и ќе ги примени од утре:

Опслужувањето на шалтерите во сите станици на ПСС ќе биде ограничено на највеќе до тројца клиенти (на препорачана дистанца) за да се избегнат групи и редици што е високоризично како за клиентите истовремено и за вработените. Строго ги замолуваме сите трпеливо да го чекаат својот ред во сопствениот автомобил (а не внатре во просториите), додека не бидат повикани на ред. Влезот на странките ќе биде запазен и регулиран од страна на наши вработени лица.

- Advertisement -

Секое возило во „сервис“ службата ќе биде внесено исклучиво од вработените. Влезот за невработени во сервисот ќе биде забранет.

Внатрешно перење на автомобили ќе биде дозволено само во ПСС – Зајчев Рид и ПСС – Ново Лисиче, и тоа само од страна на сопственикот на автомобилот, на своја сопствена одговорност; повикуваме истото да се прави со чисти, превриени крпи кои ќе ви бидат дадени во пералната.

Секторите „Администрација“ и „Финансии“ ќе бидат достапни за клиентите во вообичаните работни часови, исклучиво преку мејл и телефон.

Повикуваме на општестевна одговорност и придржување до горенаведените мерки како и до општите препораки, да поведеме грижа за себе и сите наоколу.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја