Ако сте слободни во недела – Да ги пречeкаме јунаците што возеа Renault 4 од Стојаково до Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Можеби и самите не веруваа дека ќе успеат да стигнат до Кина и да се вратат, но мисијата на двајцата Македонци од Стојаково е речиси завршена. По речиси тринеделно патување во недела треба да пристигнат во родното Стојаково на југот од Македонија. Ако сте слободни и размислувате што да им раскажувате на своите деца, внуци и пријатели ова е добра шанса.

Автомобилот е на пат од Полска до Скопје. Во недела околу 18 часот екипажот, односно Ѓорѓи и Џоко би требало да пристигне во Стојаково и да биде дел од свеченоста што се планира пред ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
И не само тоа можете да бидете и дел од фуманитарната мисија што токму тие ја поддржаа за да им се помогне на шесте семејства што во пожар во Гевгелија во зграда останаа без своте домови.

Слободно може да донирате на сметката подолу:
210073320500142
Олд Каар Гевгелија
НЛБ Тутунска Банка
Со назнака: Пожар Гевгелија

А Ѓорѓи и Џоко сигурно ќе имаат што да раскажат за она што го проживеаја, извозеа до границата со Кина, неможоста да влезат со Renault 4 во Кина, но сепак потоа отпатуваа до Пекинг и го разиорија македонското знаме на Кинескиот Ѕид.

Кој знае додека патувале на овие 23.000 планирани километри можеби се договориле да заминат на некоја нова авантура. Затоа бидете во недела во Стојаково да слушнете и да ги видите нашите херои.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK