Ако сте млад возач добивате подарок – бесплатно хендсфри

ОБЈАВЕНО НА:

 

Слушалките за зборување во возилото ќе бидат поделени од страна на сообраќајната полиција при регистрирање на автомобил

Зборувањето на мобилен телефон додека возите е строго забрането, и се дозволува употреба на хендсфри слушалки со кои нема да ви биде оттргнато вниманието додека го управувате автомобилот.
Бесплатни слушалки за телефонски разговори во автомобилот ќе добијат сите млади возачи во Бугарија, пренесуваат тамошните медиуми. Слушалките ќе бидат поделени од страна на сообраќајната полиција при регистрирање на автомобил.

Иницијативата има за цел да ги намали смртните случаи на патиштата преку запирање на употребата на мобилен телефон додека возите. Кампањата е на бугарските европратеници и поддржана од министерот за внатрешни работи, Валентин Радев.

Податоците покажуваат дека само во последните три месеци во Бугарија имало над 2.000 сериозни несреќи на патот, а мртвите се речиси 200 луѓе.

Дали навистина е до слушалките, или пак до сообраќајната култура?

Следете не и на:

24AUTO NETWORK