Ако сте љубители на автомобилите од 70-те и раните 80-те, или едноставно сте приврзани кон брендот Ford, сега имате одлична шанса да станете сопственик на легендарниот Ford Capri.
Познатиот швајцарски трговец на стари половни автомобили на интернет огласи одлично сочуван Ford Capri.
Станува збор за автомобил произведен во 1980 година од серијата 2300 Ghia. Под хаубата располага со 2.3 литарски V6 бензински мотор со 114 КС. Во досегашните речиси 40 години има поминато само 26.500 километри, а и покрај малата километража се продава по цена од одлични 14.800 швајцарски франци.
Овој модел американскиот производител го произведуваше во периодот од 1968 до 1986 година, а во тој период лансираше три генерации. Поради одличниот дизајн и технички перформанси, како и поради пристапната цена овој модел важи за најпродаван автомобил на Ford за минатиот век.