Ако сакате повеќе моќ – стигна Kia Ceed со 120 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Купувачите сигурно ќе бидат задоволни со новата понуда на Kia во Македонија откако сега е достапен и новиот бензински турбо мотор со 120 КС за моделот Ceed. Ова особено ќе ги израдува оние што сакаат поспортско возење од овој хечбек. Тој мотор е надополнување на досегашниот 1.4 литарски со 100 КС.

Во салоните на Kia Motors низ Македонија, од денес може да ја побарате и Black Pack едицијата на Ceed. Овој модел од понудата е комбиниран со најновиот 1.0 T-GDi турбо мотор со моќност од 120 коњски сили.

Ова е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед кој ја проширува гамата на Ceed семејството со уште еден уникатен модел. Нивото на опрема во LX Vision е надополнето во надворешниот изглед, а во себе покрај стандардната опрема ги вклучува капачињата за ретровизори во црна мат боја и 16“ тркала од лесна легура Anyang со црна завршница и пневматици 205/55.

Отсега, Ceed станува забавен автомобил, кој е секогаш во водство во својот сегмент. Вака спакуваната опрема во комбинација со турбо моторот, создава автомобил посакуван од сите генерации.

Повеќе информации во салонот на Kia Motors во Скопје и низ дилерската мрежа низ Македонија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK