Aко сакате евтин автомобил, тогаш купувајте во…

ОБЈАВЕНО НА:

Сте си поставиле ли некогаш прашање кое е најдоброто време за купување на автомобил. Веројатно првиот одговор би бил тогаш кога се има доволно пари. Сепак, и во таква ситуација може да се заштеди дел од парите бидејќи цените на автомобилите варираат во текот на годината за дури и 10 проценти.

Веројатно нам ни е во генто да се ценкаме кога купуваме автомобил, исто како и сѐ други, да си бараме попуст, и плус дополнителна опрема. И по повеќепати да одиме во салоните пред да решиме што ќе купиме. Но, целта ги оправдува средствата, и затоа најважна е цената што ќе ја добиеме. Дел сепак однапред имаат донесено одлука, но добар дел размислува и се решава за она опција што ќе им донесе најголем попуст.

Еве неколку совети за тоа кога е најдобро да се купуваат автомобили.

  1. КРАЈ НА ГОДИНАТА

Добрата вест е дека најниските цени се во текот на зимата односно пред крајот на годината.
Самата причина е смешна, но тоа е поради исполнувањето на нормите и подобри годишни извештаи за продажба. За да се стигна на време трговците даваат попуст за готовинско плаќање, а понекогаш вклучуваат и подароци меѓу кои се бесплатни сетови на гуми или продолжена гаранција. Можете ли да најдете подобро!

  1. РАСПУСТ – ТРОМЕСЕЧИJЕ

Со оглед на тоа што најдобро направените работи се случуваат на средината на март, јуни и септември, цените се спуштаат и до 8 проценти. Доколку токму тогаш се одлучивте за купување на автомобил тогаш нема да погрешите.

  1. РАСПРАШАЈТЕ СЕ ЗА СЀ

Знаете ли дека ниту една квалитетна врата не се отвора лесно. Затоа доколку мислите дека трговците веднаш ќе ви ја намалат цената, се лажете. Морате малку да се намачите за да стигнете до саканата цел. Пред да купите автомобил распрашајте се околу сите овие информации бидејќи трговците сакаат кога ќе видат дека купувачот знае доста за автомобилот којшто го сака, па тука малку и попуштаат.

  1. ЧЕКАЈТЕ ШАНСА

Мислевте дека само облеката е на распродажба. Доколку е така тогаш не сте во право бидејќи и кај автомобилите има класична распродажба. Доаѓа после откажувања на порачки на возила кои трговците веќе ги имаат порачано. Салон полн со автомобили е товар за сите трговци, но иако се ретки распродажбите знаат да се случат и затоа не смеете да ја испуштите таа шанса. Едноставно треба да ја прифатите со двете раце и да ја искористите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK