Ако сакате добар одмор погледнете кои се најдобрите места во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Списанието за туризам Travel and Leisure секоја година спроведува анкета со цел да открие кои се најдобрите дестинации за одмор. Овој пат туристите ги оценуваа најпознатите острови во светот. Критериумите биле неколку, а вклучувале атракции, плажи, кујна, однесување на локалните жители…

Највисоката оценка ја доби островот Јава во Индонезија. Туристите особено ја потцртуваат древната култура, импресивните атракции и модерните хотели. Како што објавено во списанието: водопадите, вулканите, природните паркови и плажите со бел песок им дозволуваат на туристите во Јава да заборават на сè друго во светот. На островот во моментов живеат околу 140 милиони лица.

На 2. и на 3. место се најдоа уште два острови во Индонезија – Бали и Ломбок.

Во топ 15 влегуваат уште Малдивите, островот Вајхеке, Нов Зеланд, филипинските Палаван и Себу, Маврициус и грчкиот Парос. Списокот завршува со островот Тасманија во Австралија, островите Галапагос, островите Кук, Оркнејските острови во Шкотска, Мауи, Хаваи и Азорските острови во Португалија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK