Кинескиот производител Dongfeng и францускиот PSA Групација за кинескиот пазар го подготвија електричниот седан Fukang EV30.
Станува всушност збор за електрична изведба на моделот Citroen C-Elysee. Оттука целосната архитектура, вклучувајќи го внатрешниот и надворешниот дизајн произлегува од овој модел.
Тоа значи дека должината изнесува 4.427 мм, широчината 1.748 мм, висината 1.476 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.652 мм.
Она што е ново е електричниот погон кој се состои од електромоторот од 60 kW односно 82 КС и 220 Nm обртни моменти. Располага со литиумско-јонска батерија од 30,7 kWh што обезбедува автономија од околу 300 км.
Инаку моделот C-Elysee покрај во Кина, се произведува во Виго (Шпанија), Техеран (Иран) и Кадуна (Нигерија). За прв пат во европската понуда на Citroen е воведен во 2012 година.