Ако сакаат да се продаваат во Ј.Кореја: Американските возила мора да бидат подобри

ОБЈАВЕНО НА:

Увозните возила од САД во Јужна Кореја ќе мора да бидат подобри во секој поглед доколку импортерите сакаат да имаат бенефит од обидот на Доналд Трамп за обновување н атрговскиот договор меѓу двете земји.

Трамп минатата недела се состана со Јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-ин, и рече дека САД би барале да ги поправат трговските нерамнотежи со нивниот клучен сојузник, со што ќе создадат еднакви услови за американските производители, меѓу другото.
Покрај брендовите како што се Ford, GM и Chrysler кои регистрираа речиси двојно зголемување на увозот минатата година, нивната продажба изнесува само 1% на пазарот во Јужна Кореја, каде што доминираат Hyundai и Kia, објави Autonews.

„Она што навистина сакаме да и го кажеме на САД е: правете добри автомобили, правете возила што ги сакаат корејските купувачи, изјавил висок претставник во владата на Јужна Кореја што сакал да остане анонимен во интервју за агенцијата Ројтерс.

Во Јужна Кореја моделите во САД се сметаат за инфериорни во споредба со германските автомобили во однос на имиџот на брендот, софистицираноста и економичноста на горивото, со исклучок на Tesla Motors и моделот Bolt на GM, бидејќи пораснала популарноста на електричните возила пораснале во популарност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK