Ако решите да живеете во странство: Само со 8 држави имаме реципрочно признавање на возачите дозволи

ОБЈАВЕНО НА:

Само со осум земји Република Македонија има потпишано договори за реципрочно признавње и замена на возачките дозволи. Вакви билатерални договори Македонија има потпишано со Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија.

Тоа значи дека доколку работите или престојувате во некоја од овие земји нема да треба да преполагате или да исполнувте други посебни услови за да може да ја користите македонската возачка дозвола односно да ја замените со тамошна. Секако, нема потреба од поседување на меѓународна возачка дозвола.

Други девет земји ја признаваат во целост или делумно македонската возачка дозвола. Тоа значи дека истата може да се користи само одреден временски период или потребна е дополнителна потврда од тамошните власти, односно може да се користи само за управување со моторно возило од “Б” категорија.

Такви земји се: Чешка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Белгија, Австрија и Полска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK