Каде се живее најдолго, каде има најдобар здравствен систем, највисоки годишни приходи, најмала разлика во платите, има бесплатни универзитети, најмалку убиства...идеалните места за живеење..
Се поголем број на млади решаваат да си заминат од државата барајќи економска благосостојба, а не ретко најважно е да се замине, а потоа се гледаат опциите. Обединетите нации (ОН) неодамна го објавија својот Годишен извештај за човековиот развој, во кој се рангирани земјите каде што луѓето живеат најдолго и здраво – со други зборови, земјите во кои се живее најдобро.
ОН рангира околу 200 држави во различни категории, меѓу кои: животен век, образованието, родовата еднаквост и финансиско богатство, пишува магазинот Бизнис инсајдер. Генерално, извештајот на ОН покажува дека светот станува подобро место за живеење. Иако 800 милиони луѓе во светот сѐ уште заспиваат гладни секој ден, над 1 милијарда луѓе ја надминале екстремната сиромаштија во последните 25 години.
Во исто време, извештајот забележува дека постојат неколку фактори кои работат против човечкиот прогрес: дискриминацијата, нетолеранцијата и социјалните норми, насочени кон ранливите групи како жените и расните малцинства кои се соочуваат со предрасуди во голем број области, вклучувајќи го вработувањето и правото на сопственост.
Македонија според овој извештај се најоѓа на 88 место, и е најслабо рангирана од сите соседи во околината.
Грција е на 29 место, Бугарија на 56, Србија на 66, Албанија на 71 место, Хрватска е 45, Црна Гора 48, БиХ е 81 место…
Овие 15 земји се на врвот на листата:
15. Лихтенштајн
Многу жители на оваа германска земја уживаат висок приход, со просечен годишен приход од 78.000 долари.
14. Шведска
Просечниот животен век во земјата е 82,3 години.
13. Нов Зеланд
Студентите постигнуваат високо ниво на образование тука и посетуваат училиште најмалку 19 години.
12. Хонг Конг
Овде просечниот животен век е 84 години.
11. САД
САД имаат високо финансиско богатство. Американците добиваат просечен приход од 59.039 долари годишно.
10. Канада
Канада има совршеност во образованието. Повеќе од половина од жителите дипломираат на колеџ.
9. Исланд
Овде животниот век е 82,7 години.
8. Ирска
Ирска може да се пофали со ниско ниво на криминал. Убиствата се само 1,1 на 100.000, според најновите достапни податоци.
7. Холандија
Земјата има релативно низок процент на нееднаквост во приходите и од средината на 90-тите години на минатиот век тој постојано се намалува.
6. Сингапур
Тука, исто така, очекуваниот животен век е висок – во просек 83 години.
5. Данска
При споредување на просечната плата на мажите и жените, разликата во платите е 7,8% за вработените со полно работно време во Данска. За споредба, тоа е 17,9% во САД.
4. Германија
Од октомври 2014 година сите универзитети се бесплатни за жители и странски студенти во Германија, каде што над 96% од населението има барем средно образование.
3. Швајцарија
Покрај тоа што е синоним за животниот стандард, земјата е рангирана на високо ниво во здравството. Просек луѓето живеат до 83-годишна возраст и имаат релативно низок ризик од болести како маларија, ХИВ и туберкулоза.
2. Австралија
Образованието учествува со над 5% од националниот БДП. ОН укажува дека повеќето студенти поминуваат 20 години во образованието во Австралија.
1. Норвешка
Ова е 13-та година по ред Норвешка да биде на највисоко ниво според животниот стандард, должината на животот и образованието. Благодарение на солидна, јавно финансиран здравствен систем на земјата, просечниот животен век е 82 години.