Автомобилската индустрија веќе не е во криза, а тоа се гледа и по се подобрата продажба од месец во месец и поставувањето на нови рекорди. А со подобрената продажба доаѓа и поголемата добивка на компанијата.
Оние што работат добро не ги забораваат луѓето што даваат сѐ од себе за исполнување на плановите, па и за нивно натфрлување. Наградата е убав бонус, со кои можете да си планирате убав одмор на пример.
Најголемата чешка фабрика, Skoda како награда за успешната работа лани на своите вработени ќе им исплати бонус од 3.400 евра. Првиот дел од премијата во износ од 1.700 евра работниците ќе ги добијат во мај со платата за април
Лани Skoda имала добивка зголемена за 30 отсто, на 1,2 милијарди, а приходите пораснале за 9,8 отсто на 13,7 милијарди евра. Со тоа се најпрофитабилна компанија во концернот на Volkswagen, дури и од Audi.