J.D. Power во својот најнов извештај направи и рангирање на брендовите во однос на квалитетот и релиабилноста на автомобилите. Рангирањето е спроведено според бројот на пријавени проблеми на 100 продадени автомобили.
На врвот на листата како автомобили со најмногу проблеми се најде Jaguar со пријавени 130 проблеми на продадени 100 автомобили. На второ место се наоѓа уште еден бренд на JLR Групацијата. Станува збор за Land Rover со пријавени 123 проблеми на 100 продадени автомобили.
Најдобрата тројка ја сочинува уште и Mitsubishi со 121 проблем на 100 продадени возила.
Од четврттата до десеттата позиција се наоѓаат уште и Alfa Romeo, Volvo, Subaru, Chrysler, Acura и Mini.