Ако почетокот е некој показател: Seat добро продава и очекува рекордна година

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанската дивизија на Seat во семејството на Volkswagen, очекува да има силна продажба и рекордни бројки, ако се гледа продажбата на првите два месеци од годинава. Во овој период Seat има двоцифрено зголемување во продажбата, благодарение на новите модели и големата побарувачка во јужна Европа.

Во 2016 се промовираше СУВ моделот Ateca, сега се очекуваат моделите Arona и новата Ibiza. Градскиот автомобил е втор најпродаван модел во компанијата, по Leon. Новата Ibiza ќе дебитира на саемот во Женева следната недела, а ќе почне со продажба во јуни.

Само во јануари продажбата на нови возила со знакот на Seat скокнаа за 17 отсто, на 32.300 возила, што е најдобра продажба на било која дивизија во VW групацијата. На годишно ниво продажбата на Seat за 3 отсто во позитива, во 206 и 2015 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK