Патувањето во секоја земја значи и придржување кон правилата што постојат таму. Доколку патувате во БиХ наскоро ќе морате да имате и соодветна опрема во автомобилот. Во тек е изработка на правилник кој треба да дефинира каква задолжителна опрема мора да се има во возилото.
Се чека усвојување на правилникот за технички услови за возилата што детално треба да ги регулира сите детали.
Но, она што сигурно морате да го имате во возилото без разлика во која земја патувате е следното:
1. Знак за обележување на возилото застанато покрај патот (трокут)
2. Опрема за давање прва помош (кутија за прва помош што одговара според стандардот ASRPS Z.B3.001)
3. Резервни сијалички (најмалку половина од сијалицните места)
4. Рефлектирачки елек (што одговара според стандардот EN 471)
5. Јаже или сајла за влечење
6. Седиште за деца до 3 годишна возраст (ако се вози дете до три години)
7. Образец за европски записник за сообраќајни незгоди
8. Резервно тркало или сет за поправка на гуми