Сопствениците на апартмани во Бугарија, кои своите станови ги даваат под наем преку платформите Airbnb и Booking, ќе имаат можност за легално издавање само доколку добијат согласност од 50% од соседите во нивниот блок.
Ова беше одлучено од страна на комисијата за економија во парламентот на Бугарија, откако беа извршени промени во законот за туризам.
Според последните измени, еден од условите за да може да се регистрира апартман, кој се нуди под наем преку Airbnb и Booking е сопственикот да има одобрување барем од пола од соседите.
Проблем се случи откако беше презентирана информација дека платформата за краткорочно давање на станови под наем, Airbnb не е брокер на имоти туку онлајн услуга. Прашањето е дали може да се добие казна од страна на Европската унија поради нејзиното користење.
Airbnb заедно со Booking се најпопуларните платформи за резервирање сместување во странство.