Продажбата на вашиот половен автомобил знае да е долг и макотрпен процес. Некои ја имаат таа среќа да го продадат автомобилот за една недела, а некому потребно му се недели и месеци. Со такви потешкотии се соочуваше Џон Горк кој долго време не успеал да го продаде својот половен Ford Focus. Сепак на крајот успеал во тоа и тоа на мошне креативен начин.
Тој подготвил креативна видео реклама која ја објавил на социјалните мрежи, а покрај тоа што успеал да стане популарен преку видео рекламата, тој за речиси еден месец и успеал да го продаде својот автомобил и тоа по онаа цена која и ја барал.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.
Можеби и вие ќе добиете инспирација и ќе бидете уникатни.