петок, 25 ноември, 2025 година

Ако направите сообраќајка: Двојно зголемена глоба и забрана за управување до 1 година

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Според Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата што е на сила од 1 јануари 2020 година доколку возачот сторил прекршок во сообраќајот на патиштата со кој е предизвикана непосредна опасност за друг учесник во сообраќајот, односно е предизвикана сообраќајна незгода. И во минатото постоеше ваква одредба каде покрај износот на глобата зголемен двојно од предвидениот износ ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило на определени видови или категории моторни возила односно возила на моторен погон.

Должината на забраната зависи од паричната казна според направениот прекршок, и за најмалиот прекршок за кој е предвидени глоба до 50 евра ќе добиете и забрана за управување на возило од 30 дена до три месеци.

- Advertisement -

Следните временски забрани се однесуваат за:

– во период од три до шест месеци – за прекршоците за кои е предвидена глоба во износ до 51 до 199 евра во денарска противвредност,

– во период од шест до девет месеци – за прекршоците за кои е предвидена глоба во износ до 200 до 399 евра во денарска противвредност и

– во период од девет месеци до една година – за прекршоците за кои е предвидена глоба во износ до 400 до 600 евра во денарска противвредност.

Возач кој не поседува возачка дозвола, а стори ваков прекршок забраната на управување со моторно возило опфаќа забрана за стекнување на возачка дозвола од шест месеци до една година.

Кога е сторен прекршок од областа на сообраќајот на патиштата со кој е предизвикана сообраќајна незгода со смртни последици, на возачот може да му се изрече прекршочна санкција престанок на важење на возачката дозвола.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја