Ако купувате половно возило: Овие коли имаат НАЈМАЛКУ проблеми со корозијата

ОБЈАВЕНО НА:

Купување на половен автомобил не ретко е „мачка во вреќа“. Не само поради фактот што не знаете во каква сосотојба е моторот, без разлика што се изгледа чисто и добро звучи. Туку треба да се грижите и за тоа дали автомобилот има добра каросерија. Истата да не биде многу „крпена“ и полна со кит. Напротив ако каросеријата не кородира тогаш полесно е да се сменат другите делови.

Меѓу автомобилските дилери им аи такви митови дека некои возила имаат многу лоша каросерија, па затоа и не се купуваат често. Но, секако тоа не е главниот услови за купување на половно возило.

Експертите од Welt hilfe направија интересна листа на пет користени автомобили, за кои сметаат дека најмалку имаат проблеми со корозијата на каросеријата.

Станува збор за автомобилите стари меѓу 10 и 18 години и се со низок ценовен опсег.
На првата позиција се најде Skoda Octavia, а второто и третото место ги добија француските: Peugeot 307 и Renault Megane. Изненадувачка за многумина е четвртата позиција, која е доделена на Opel Astra генерација Н. Петтата позиција е за Citroen C5.

Па сега размислете кога купувате автомобил. Не е само моторот и изгледот. И други работи се важни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK