Ако изнајмувате возило на одмор, овие совети ќе ви ја олеснат работата

ОБЈАВЕНО НА:

Кога патувате надвор од земјата, а притоа изнајмувате возило за да можете да стигнете побрзо до саканата дестинација секогаш е важно да знаете одредени работи. Изнајмувањето на возило е секогаш добар избор за побрзо да посетите поголем број на избрани места, но на тој начин имате и поголема комоција при патувањето.

Исто така автомобилот е многу попрактичен при патувањето со деца со оглед на тоа што ви овозможува да направите пауза секогаш кога ќе ви биде потребно.

При изборот на автомобил за изнајмување, онлајн платформите секогаш ви дозволуваат да ги споредувате понудените автомобили и понуди и тоа да го направите многу лесно и брзо и да можете да го направите најдобриот избор. Сепак, експертите со своите совети помагаат да го направите вистинскиот избор за да можете да имате безбедно и удобрно патување.

За да немате грижи и непријатни изненадувања добро е да ги имате предвид неколку работи и затоа е корисно да ги знаете следните совети.

Земање и враќање на автомобилот

Не забравате да го имате точното време на пристигнување и локацијата од која сакате да го земете и да го вратите автомобилот. Доцнењето при враќањето може да биде причина за наплаќање на дополнителни такси. Најдобро е да резервирате автомобил еден час после пристигнувањето и да одредите време за враќање барем 2-3 часа пред заминувањето.

Број и возраст на возачите

Во најголемиот дел од случаите возачите на возраст меѓу 30 и 65 години не плаќаат дополнителни такси. Помладите возачи, треба да бидат подготвени за повисока наемна цена. Секако обрнете внимание и на дозволениот број на возачи. Обично во стандардната цена е вклучен еден возач со право на управување, додека за вториот се плаќа дополнителна такса.

Опрема

Детски седишта, навигација, дополнително осигурување, ланци, клима… тоа се додатоци кои треба да ги земете предвид при резервација на возило под наем. ВО зависност од бројот на патници и планираната маршрута треба да одберете автомобил кој ќе ви обезбеди максимална удобност и безбедност за Вас и за другите учесници во сообраќајот.

Осигурување и политика на гориво

Важно е договорот за изнајмување да вклучува политика на гориво на возилото. Обично се изнајмува со полн резервоар и така треба да се врати. Погледнете го типот на осигурување кој е вклучен во цената. Во принцип, автомобилот има стандардно осигурување, но може да се направи осигурување со повеќе бенефиции за дополнителен износ.

Депозит

При резервирањето на автомобилот ќе биде блокирана одредена сума од кредитната картичка на возачот. Ако автомобилот биде оштетен или украден, депозитот нема да биде вратен. Сите услови на депозит, треба да бидат прецизно и јасно опишани во условите за изнајмување.

Документи

За изнајмување на автомобил ви се неопходни пасош или лична карта, копија од потврдата за резервација и кредитна картичка која ќе се користи за плаќањето. Картичката треба да биде на име на главниот возач.

Обрнете внимание на состојбата на возилото при неговото преземање. Направете фотографии одвнатре и однадвор, пријавте гребнатинки или вдлабнатини, како и оштетување на тапацирот. Уверете се дека сите уреди се исправни (клима, фарови, радови…) како и дека возилото е опремено со комплет за прва помош и противпожарен апарат.

Кога го враќате возилото не заборавајте да побарате писмена потврда за отсуство на штета за да го забрзате деблокирањето на депозитот. Чувајте ги сите документи, за случај на потенцијални проблеми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK