Ако имате возило од овој период – веднаш на сервис!

ОБЈАВЕНО НА:

Дефектните воздушни перничиња досега биле причина за смрт на 29 лица и имало на стотина повредени лица.

При удар со мала брзина воздушните перничиња се отвараат и ќе стане вистински неред и хаос. Заедно со отворената воздушна перница, во внатрешноста на возилото ќе има и многу остри метални парчиња. Точно тоа може да се случи во секој автомобил, во кој се монтирани неисправните воздушни перничиња од компанијата Takata.

Проблемот го засега производството на разни брендови, а неисправните јапонски воздушни перничиња се монтирани на неколку десетици милиони автомобили низ целиот свет. Повеќето од нив беа сменети за време на најголемата сервисна кампања во текот на 2014-2016 година.

Ако вашиот автомобил е произведен помеѓу 2000 и 2014 година, голема е веројатноста дека имате инсталирано неисправно перниче. Во таков случај, препорачливо е да проверите дали шасијата на вашето возило не спаѓа во кампањата за замена на воздушните перничиња Таката.

Во поголемите земји овие може да се провери на специјализирани интернет-страници поддржани од официјални институции. Кај нас тоа е можно само со проверка на сајтовите на производителите или едноставно со упатување прашање до производителот.

Осбено опасни се сметаат вздушните перничиња на Таката вградени во моделите на Honda и Acura od 2001 do 2003 година, како и пикап верзиите на Ford Ranger и Mazda B Series од 2006 година. Постои ризик и кај автомобилите управувани во топла и влажна клима. Топлината и влажноста имаат штетен ефект врз одвојувањето на пиротехничкиот полнеж во воздухот.

Дo овој момент кaмпaњи за стандардна замена на опасните воздушни перничиња имаат спроведено 34 прoизвoдитeли, мешу кои се : Асurа, Аudi, BMW, Саdillас, Сhеvrоlеt, Сhryslеr, Dоdgе / Rаm, Fеrrаri, Fоrd, Hоndа, Infiniti, Jаguаr, Jееp, Lаnd Rоvеr, Lеxus, Lincoln, Mazda, McLaren, Mercedes-Benzс,Mercury, Mitsubishi, Nissan, Pontiac, Saab, Saturn, Scion, Subary, Tesla, Toyota и Volkswagen.

Дефектните воздушни перничиња досега биле причина за смрт на 29 лица и имало на стотина повредени лица.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK