Ако имате пари еве шанса: Два стари Mercedes возила на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Аукциската куќа Artcurial Motorcars во текот на следниот месец ќе стави на продажба два класични автомобили од типот Mercedes-Benz 300 SL. За нив е интересно тоа што и двата се сопственост на еден колекционер, кој ги чувал во својата гаража цели 50 години. Од средината на 60-тите години тие не се транспортирани, а сега цената која е дадена за ориентација на секое од возилата се движи околу 1,5 милион евра.

Првиот автомобил е Mercedes-Benz 300 SL Roadster.Произведен е во далечната 1963 година. Минатите километри се само 1380. Ова возило се нудело со оригинален тврд кров со оригиналната книга со инструкции за ремонт и со сите други документи.

Вториот Mercedes е постар. Се работи за моделот 300 SL Gullwing и е произведен во 1956 година. Донесен е од Португалия во 1968 година и досега има поминато 62.000 километри. Иако има поголем број на километри од претходниот автомобил се наоѓа во одлична состојба.

И двете возила биле во сопственост на хирург од Шведска, кој се викал Гунар Јермарк.

После неговата смрт како налседници се јавуваат неколкумина, но судот одбил да им ги даде автомобилите. Тие биле заведени во државниот фонд Swedish Inheritance Fund. После продажбата парите ќе завршат за помагање на младите во тешка ситуација и кај инвалидите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK