Ако го направела ова принцезата Дијана можела да остане жива во сообраќајката!

ОБЈАВЕНО НА:

Користењето на бесбедносниот ремен веројатно ќе помогнело принцезата да остане жива во несреќата во автомобилот.

Иако се поминати 21 година од смртта на принцезата Дијана се уште остануваат неразјаснети некои детали од инцидентот во Париз во кој таа го загуби животот. Еден од најдобрите форензички патолози во Велика Британија неодамна излезе со тврдење дека и од таа сообраќајка Леди Ди можела да остане жива.

Принцезата Дијана најверојатно ќе беше уште жива ако го користела безбеносниот ремен во автомобилот тврди еден од најдобрите форензички патолози во Велика Британија, д-р Ричард Шепард во својата нова книга. Извадоци од книгата пренесе весникот Daily Mail.

Поранешната сопруга на британскиот престолонаследник Чарлс загина во несреќа со Mercedes-Benz S-Klasse на 31 август 1997 година во Париз заедно со своето момче Доди Ал Фајед.

Ричард Шепард сведочеше како вешто лице во случајот за смртта на Дијана во 2004 година.

“Таа всушност имала само неколку фрактури и лесна повреда на градниот кош, но за жал коска ја пробила вената на едно белодробно крило”, објаснува патологија. “Повреда е занемарлива, но на погрешно место. Ако се удрела во предното седиште под малку поинаков агол, ако беше фрлени напред побавно со 10 милји/ч. или едноставно го користела заштитниот ремен, најверојатно требаше да се појави два дена подоцна со модрици очи, задишана поради скршени ребра и со рака во гипс. ”

Ричард Шепард забележува дека единствениот преживеан по ударот – телохранителот, кој управувал со S-Class, останал живо токму поради користење на безбедносниот ремен. Кога првите новинари стигнуваат до местото, Дијана била се уште жива и дури разговара со нив. На пат кон болницата, принцезата ја губи свеста и срцето запира со работа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK