Ако го имате ова вградено во возилото ќе платите глоба од 300 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Многумина сакаат нивните автомобили според нешто да се разликуваат од другите, или кога тие наидуваат на некој начин да „влеваат страв“. Некои тоа го изразуваат со посебен стајлинг, посебни налепници, боја… Други пак сакаат да ги тјунираат возилата, да вградат некој спортски аспух… Сепак има некои делови што ако ги вградите на возилото можете да добиете казна од полицијата.

Можеби мислите дека тоа се темните фолии. Но, и тие може да поминат. Ако полицијата „ве фати“ дека имате недозволени вградени уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци тогаш сигурно ви следува казна.

Според Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата вакви посебни светлосни и звучни уреди смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои полицијата или воената полиција вршат придружба на возилата определени со акт на Владата на Република Македонија и на возилата со право на првенство на минување од ставовите, а тоа се возила на службата за брз апомош, на противпожарната служба, н аполицијата и на Армијата на Република Македонија.

Овие возила можат да ги употребуваат посебните уреди кои даваат светлосни и звучни знаци само во случај на спасување на човечки животи, материјални добра, нарушување на јавниот ред и мир, како и за гонење на сторители на кривични дела и прекршоци.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на оваа одредба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK