Ако биде се во ред: На 4 август јунаците со Renault 4 ќе стигнат во Стојаково

ОБЈАВЕНО НА:

Го видоа Пекинг, минаа долг пат, решија многу проблеми добија подршка од сите кои ги видоа и ги нарекоа „јунаците од Македонија“. Го развиореа македонското знаме на кинескиот ѕид и запознаа многу луѓе. Најпознатото Renault 4 има цел да мине 23.000 километри и од Стојаково да стигне до Пекинг и да се врати назад.

Повеќе од половина од зацртаното е реализирано. сега тимот е на пат за дома и се наоѓа во Русија. Според нашиот тим возилото било на „систематски преглед“ кај мајстор Јура, кој по направените прегледи даде зелено светло да се тргне со сите сили кон целта во Стојаково.

Според проценките возилотo заедно со екипажот би требало да пристигнат во Стојаково на 4-ти август. Им посакуваме без проблеми да ги минат километрите и да стигнат безбедно во Македонија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK