Ако безбедноста е најважна: Овие возила се со најмала стапка на смртност

ОБЈАВЕНО НА:

IIHS (Insurance Institute for Highway Safety) спроведе студија за безбедноста на возилата. Покрај генералниот заклучок за тоа дека малите и мини возила се најмалку безбедни, односно со најголема стапка на смртност, IIHS направи и рангирање на најмалку смртните возила.

Дури во седум взила досега никој не починал во САД. Тоа се GMC Yukon XL, Infiniti QX60, Range Rover Evoque, Lexus NX 200t, Mercedes-Benz C класа, Porsche Cayenne и Volkswagen Golf.

Иако овие возила учествувале во бројни сообраќајни незгоди во периодот од 2015 до 2018 година, сепак никој не починал во нив.

Со тројца починати на милион регистрирани возила, високо на врвот се рангирани и Lexus GX460 и Subaru Outback, а под 10 смртни случаи на милион регистрирани возила имаат и Acura RDX, BMW X5, BMW X3, Nissan Leaf, Cadillac Escalade, Lexus CT 200h, Mitsubishi Outlnder, Toyota Sienna, Toyota Tundra, Chevrolet Suburban 1500 и Honda Odyssey.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK