Ако барате нов автомобил – прво видете кои се најбезбедните

ОБЈАВЕНО НА:

Одговорот на прашањето за најбезбедните автомобили го даваат експертите од Еurо NСАP, кои ги утврдија најбезбедните автомобили врз основа на резултатите од краш тестовите.

Максималната оценка е пет ѕвезди, а во секоја поткатегорија има оценка во проценти, кои се преобразуваат во поени. Максималните поени се 400. Сите победници добиваат по пет ѕвезди.

Во продолжение може да се видат автомобилите кои најдобро го чуваат возачот и другите патници во автомобилот од евентуални патни инциденти и соодветно добиваат најмногу поени.

Kiа Sоrеntо

Моделот доби 317 од 400 можни поени и максималните пет ѕвезди за безбедност. Експертите го оценија соодветното централно воздушно перниче меѓу возачот и патникот, како и подобрен систем за електронски повик, кој ги известува службите за итни случаи во случај на вонредна ситуација.

Hоndа Jаzz

Новата генерација на малиот автомобил на Hоndа исто така импресионира со неверојатни резултати од краш тестовите. На тестовите автомобилот освои пет ѕвезди и 326 од 400 поени. Автомобилот е опремен со најсовремени системи за безбедност и централно воздушно перниче со функција АЕB.

Tоyоtа Yаris

Компактниот хечбек е оценет со 330 од 400 поени и со пет ѕвезди. Двете централни воздушни перничиња се специјално оформени за да ја подобрат ефективноста при катастрофа. Исто така автомобилот е опремен со технологијата Sаfеty Sеnsе, која спречува превртување на автомобилот, како и судир со автомобилот кој наидува.

Vоlkswаgеn ID.3

Електромобилот, произведен од VW, освои 335 поени од можни 400. Цврстата структура на автомобилот помогнува кај краш тестовите. Покрај тоа патниците се сигурно заштитени од многуте електронски безбедносни системи. Покрај тоа развојот го подобри системот и технологијата за известување за итни случаи, што автоматски ги активира сопирачките после несреќата.

Pоlеstаr 2

Моделот, кој се прави во Шведска собра најмногу поени и тоа 347 од 400. Стандардната опрема располага со иновациски, подвижен преден капак при удар, кој се отвора кога автомобилот се судира со пешак. Покрај тоа автомобилот ги има сите можни системи за безбедност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK