петок, 25 декември, 2025 година

Aion e кинески конкурентот на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Еден од најголемите кинески производители на автомобили GAC на актуелниот саем за автомобили во Гуангжу (Кина) го претстави моделот Aion S кој доаѓа како конкуренција на Tesla.

Овој модел е најавет со доста богата и напредна технологија како системи за спречување од удар, предни, задни и странични сензори со дополнителна камера на задниот дел. Тука е и внатрешниот LED екран осетлив на допир преку кој може да се контролираат сите перформанси на автомобилот, а воедно и задаваат сите команди.

- Advertisement -

Тука се и LED светлата од најновата генерација, Bosch Body системот за стабилност, нискиот коефициент на отпор на воздухот и слично. Според најавите, овој автомобил доаѓа со соларен покрив и автономија од околу 500 км.

Почетокот на производството и продажбата на овој модел е закажан за следната година, а засега плановите се овој модел да се продава само на пазарот во Кина каде ќе се спречи можниот успех на Tesla во соодветниот пазарен сегмент. Цената, и натаму останува непозната.

Инаку GAC Групацијата е една од најголемите групации за производство на автомобили во Кина. Со седиште во Гвангжу, во кинеската провинција Гуангдонг, оваа компанија веќе 21 година успешно оперира на домашниот пазар произведувајќи ги брендовите: Changfeng, Gonow и Trumpchi.

Оваа компанија исто така во Кина повеќе од неколку години спроведува производствено-продажни операции со заедничко вложување со Fiat, Honda, Mitsubishi и Toyota, а во минатото со Isuzu и Peugeot.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја