Агресивното возење значи и повеќе трошоци за гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Агресивното возење значи и поголема потрошувачка на горивото. Тоа е општо познато, но педантните Британци пресметале дека лошото возење ги чини возачите дополнителни 562 фунти годишно. Толку се троши на гориво поради поголемата потрошувачка.

Во истражувањето направено од страна на осигурителната компанија Direct Line учествувале повеќе од 2.000 возачи и биле нализирани 319.000 патувања. Било откриено дека годишно на гориво се троши просечно по 837 фунти, што е помалку од оние 1.399 фунти на возачите со лоши навики. Тоа е разлика од 67 отсто, односно речиси 50 фунти на месечно ниво.

При правењето на истражувањето е утврдено дена „нормалните“ возачи годишно одат 12 пати на пумпа да го наполнат резервоарот, а оние со „лоши“ навики тоа го прават 20 пати. Станува збор за целосно полнење на резрвоарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK