Освен на специјализирани патеки, целосно искористување на моќта на спортските возила единствено е можно на германските автопатишта на кои не е ограничена максималната брзина на движење.
Токму и тука се случуваат најадреналинските возења. Тука уживаат сопствениците на “дивите” возила, но и екипата на AutoTopNL која во најновотот видео го тестираше моделот Panamera Turbo S.
Овој ѕвер е опремен со 4,0 литарски V8 BiTurbo мотор кој продуцира 630 КС и има погон на сите четири тркала. На видеото може да се погледе адреналинското возење поточно забрзување од 0 до 313 км/ч.