сабота, 25 ноември, 2025 година

ABS е најважниот помошен систем

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Антиблокирачкиот сопирачки систем (ABS) е најважниот помошен систем според возачите во Германија. Тоа е резултат на тековната студија на Forsa од име на осигурителната CosmosDirekt. Бројките говорат сами за себе. Дури 85% од анкетираните велат дека ABS е најважниот систем за помош во автомобилот.

Навигацискиот систем е на второ место по важност според анкетираните со 54 проценти, а помошта за паркирањето со предупредување за растојание на третата позиција со 40 проценти. Речиси пола од учесниците во студијата (47 проценти) сметаат дека круз контролата е важна, додека 38% и 37% од возачите во Германија сметаат дека камерата за рикверц и присуството на систем за помош на сопирачките на автомобилот се важни за возилото.

- Advertisement -

И покрај сите системи за помош, при возењето се бара будност. „Системите за поддршка дефинитивно ја зголемуваат безбедноста при возењето. Независно од тоа, секогаш треба да бидете внимателни, да го адаптирате однесувањето при возењето кон надворешните услови и да не дозволите да се расеани додека возите. При управувњето на воланот не само што одговарате за сопствената безбедност туку и за безбедноста на другите“, вели Франк Барнхоф, осигурителен експерт во CosmosDirekt.

Особено во есен и зима, различните временски услови на патот доведуваат до предивикувачки ситуации за возачите. Франк Барнхоф советува: „Обуката за безбедност при возење исто така може да биде корисна за намалување на несигурноста и е особено корисна за млади, неискусни возачи“.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја