АББА некогаш се возеше со BMW, а тоа сега се продава на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Групата „АББА“ која има продадено 370 милиони примероци од своите албуми и е втора најуспешна музичка група на сите времиња зад Битлси, имаше свое возило купено во седумдесетите години на минатиот век. За да можат самите некогаш да излезат до некој ресторан или ноќен клуб, Polar Music им купува BMW 633 CSi.

Истото возило со кое во минатото се возеле Агнета Фелстскуг, Ани-Фрид Лунгста, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон е ставено на аукција и се очекува да биде продадено за сума од 25.000 до 35.000 евра.

Возилото долго време било надвор од Шведска, а го вратиле во земјата дури во 2008 година. Поседува шестцилиндричен мотор со моќност од 200 коњски сили и 3,2 литри. Има и менувач со четири степени. Офарбан е во Polaris Silver (060).

Возилото ќе биде ставено на аукција следната среда во Париз.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK