АНАЛИЗА НА UBS: По 2025 година нема да има потреба да купите возило со мотор со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Цената на чинење на електричните возила до 2024 година ќе биде иста како и оние со мотори со внатрешно согорување

Во моментов цената на чинење на електричните возила е доста повисока во однос на класичните возила со мотори со внатрешно согорување, но наскоро се очекува тоа да биде сменето. Анализата од страна на банката UBS сугерира дека смената на возилата со фосилни горива може да биде неизбежна.

Електричните автомобили ќе чинат исто како и конвенционалните автомобили, со мотори со внатрешно согорување, до 2024 година и може да претстои забрзување на префрлањето од возилата со фосилни горива, според новото истражување.

Дополнителните трошоци за производство на електрични автомобили на батерии наспроти нивните еквиваленти на фосилни горива ќе се намалат на само 1.900 американски долари по автомобил до 2022 година и ќе исчезнат целосно до 2024 година, според истражувањето на инвестициската банка UBS. Истражувањето се заснова на детална анализа на батериите од седумте најголеми производители.

Постигнувањето на паритетот на трошоците со моторот со внатрешно согорување (ICE) се смета за клучна пресвртница во светската транзиција далеку од согорување на фосилни горива.

Големите производители на автомобили не сакаат да го пренасочуваат производството од нивните профитабилни модели на мотори со внатрешно согорување кон електрични автомобили поради скапите батерии, кои се скоро исклучиво направени од источноазиски компании како што се јужнокорејскиот LG Chem, јапонскиот Panasonic и кинескиот ривал CATL. Батериите сочинуваат помеѓу една четвртина и две петтини од цената на целото возило.

UBS соопшти дека се очекува трошоците на батеријата да се спуштат на под 100 американски долари за киловат час (kWh), до 2022 година што е клучна пресвртница.

Банката соопшти дека оние производители на автомобили кои ќе се обидат да ја следат продажбата на моторите со внатрешно согорување, ризикуваат да бидат оставени позади ривалите како Tesla и Volkswagen, најголемитe светски производителi на автомобили по обем, кои се обврзаа да инвестираат 33 милијарди евра во продажба на електрични автомобили.

„Нема многу причини да се купи автомобил со мотор со внатрешно согорување по 2025 година“, рече Тим Буш, аналитичар на UBS.

Брзото намалување на трошоците на батеријата се очекува да предизвика побрз премин кон електрични возила отколку што се очекуваше претходно. Продажбата на електрични возила веќе цвета во ЕУ и Кина, и покрај ударот на пазарот за автомобили предизвикан од пандемијата на коронавирусите.

Матијас Шмит, независен аналитичар за автомобили, предвидува дека во 2020 година во ЕУ ќе се продадат милион електрични автомобили и хибридни автомобили од вкупниот пазар од 11 милиони.

Глобално UBS соопшти дека уделот на пазарот на електрични автомобили ќе достигне 17% до 2025 година. До 2030 година електричните автомобили треба да учествуваат со 40% од глобалната продажба.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK