Местењето на километража кај користените автомобили е голема работа, а многу ловци на заработувачката на црно заработуваат многу во таа дисциплина со мамење на купувачите. Вие гледате дека автомобилот минал околу 150.000 км. а всушност тој има над 200.000 па и повеќе. На тој начин се зарботуваат стотици евра повеќе, а понекогаш и илјадници бидејќи истите се продаваат како „понови“ и не многу користени.
Францускиот автоклуб (АСА) и германскиот автоклуб (ADAC) започнаа со голема кампања во борбата против наместените километражи. Автоклубовите одлучија да го кренат гласот и да ја предупредат јавноста, но и властите дека таквото однесување мора да биде санкционирано.
Ова е исклучително важно и за клупувачите на користени автомобили бидејќи проценката е дека секој трет автомобил во Германија има наместена километража. Како што веќе знаете, а можеби и сте биле во шопинг, тоа е најважниот пазар за купувачите од Балканот, кои возат веќе користени возила.
Многу автомобили што се наоѓаат на автоплацевите во Македонија се токму од пазарите во Франција и во Германија.
Германците и Французите проценуваат дека на нивниот пазар се продаваат од 30 до 50 проценти возила со местена километража. Затоа треба да се биде внимателен кога се купува користено возило во странство и треба добро да се погледне во книшката за сервис. Инаку, уредот со чија помош може да се намести километражата денес може да се купи и на интернет.
Секако овластените сервиси имаат компјутери со кои можат да ја проверат вистинската состојба и изминатата километража на автомобилот.