По официјалното пуштање во продажба, А класата на Mercedes за кратко време прерасна во најпродаван автомобил на Mercedes годинава. Тоа се должи на одличниот дизајн, богатата и напредна технологија поради што германскиот производител започна со производство на овој модел во фабриката во Финска.
Фабриката во финскиот град Осикаупунки е третата во Европа во која се произведува овој модел. Според првичниот план, производството на овој модел се одвиваше во германската фабрика во Раштат, а по само еден месец производството започна и во фабриката во унгарскиот град Кечкемет.
Сепак, доколку продолжи трендот на зголемување на побарувачката на А класата, тогаш Mercedes ќе мора да го прошири својот производствен капацитет. Вкупната продажба во првите три месец по појавувањето на новата генерација изнесува 38.904 автомобили.