А еве како во Русија се гасат пожарите кај возилата (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Не е тајна дека во Русија важат малку изменети стандарди отколку во Европа. Истите пред се’ се темелат на руската снаодливост. Всушност, истите се дел од генетиката на просечниот Русин.

Последен во низата докази кои го докажуваат ова тврдење е видеото кое доаѓа од рускиот град Осиники. На улиците во овој град пламна Mitsubishi Outlander. Додека случајните возачи пробуваа да го изгаснат пожарот со дволитарски ПП апарати, еден тракторист го нарина снегот и го “истовари” врз возилото.

Видеото кое се појави на интернет може да го погледнете во продолжение.

Снаодливоста секогаш се цени. А и најважно е да се заврши работата, во овој случај да се изгасне возилото…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK