А бараа 30 милиони: Аукцијата на Porsche Type 64 доживеа дебакл

ОБЈАВЕНО НА:

RM Sotheby’s е најпознатата компанија која спроведува мултимилионски аукции уште од 1991 година. Во 2015 година на аукција во Њујорк преку аукција е продаден автомобил Ferrari од 1956 година за 28 милиони американски долари.

Сепак, последната аукција спроведена од оваа компанија доживеа вистински дебакл.

Станува збор за аукцијата спроведена во Монтереј каде целта на продажба беше автомобилот Type 64 на Porsche произведен во 1939 година. Овој автомобил е само еден од трите автомобили произведени, но и лично возени од Фердинанд Порше.

Фијаското стартуваше на самиот почеток на аукцијата. Имено почетната цена која беше предложена изнесуваше 30 милиони долари што веднаш предизвика негодување кај посетителите. Потоа таа рипна на 40, 50 и на крајот 70 милиони долари.

Кога водителот ги погледна реакциите на посетителите, истата веднаш беше симната на 17 милиони долари изјавувајќи водителот дека станува збор за грешка. Сепак и покрај тоа, овој автомобил остана непродаден.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK