Volvo во 2021 најави целосен премин на струја до крајот на деценијата, но – како и многу други производители – го коригира планот. Според ревидираната стратегија, до 2030 година меѓу 90 и 100% од гамата ќе бидат plug-in хибриди (PHEV) и целосно електрични модели, наместо само BEV.
Причината е пазарната реалност: во првите три квартали годинава продажбата на електрични Volvo падна за 21% во однос на 2024, а PHEV забележаа блага минус од 1%. Вкупно, електрифицираните модели сочинуваат 44,2% од продажбата (227.317 возила).
Иако во компанијата веруваат дека „автоиндустријата ќе биде електрична за околу 10 години“, извршниот директор Хокан Самиелсон отворено признава дека моторите со внатрешно согорување ќе останат уште извесно време. „Ни треба втора генерација plug-in хибриди што ќе трае до крајот на 2030-тите. Не можеме ние да го диктираме крајот на SUS моторите“, вели тој. Затоа Volvo ја засилува „мост-фазата“: новиот XC70, PHEV со голема батерија од 39,6 kWh и деклариран електричен дострел до 200 км (CLTC), е потврден и за Европа – но најрано по 2027 поради хомологација, безбедносни прописи и прилагодување на инфотејнментот (Android Automotive).
Стратегијата вклучува и EREV (електрично возило со продолжен дострел) за наследникот на XC90, очекуван околу 2028. Кај EREV бензинскиот мотор работи само како генератор – без механички погон кон тркалата – без потреба од масивна батерија. Самиелсон ги нарекува EREV „втора генерација хибриди“, односно „повеќе електричен автомобил со резервен мотор“.
Volvo лани дефинитивно се откажа од дизелите, но планира да ги задржи бензинците уште околу 15 години, како дел од PHEV/EREV понудата. Целосната електрификација останува цел, но со прагматичен пристап – долгодометни хибридни решенија што го следат темпото на пазарот, регулативите и инфраструктурата, наместо тврд рок по секоја цена.









