Dacia уште еднаш ја потресе автомобилската сцена. Најпознатиот SUV на брендот – Duster, заедно со идниот Bigster, добиваат нов погон – hybrid-G 150 4×4. Станува збор за вистинска технолошка новина: комбинација на mild-hybrid бензинец, електричен погон на задната оска и LPG (плин). Ова е светска премиера, бидејќи досега ниту еден производител не понудил ваква тројна комбинација.
Што нуди новиот погон?
Моќност: 154 КС (113 kW)
- Advertisement -Вртежен момент: 230 Nm (бензинец) + 87 Nm (електричен мотор)
Менувач: 6-степен автоматик со „paddle shifters“ на воланот (првпат кај Dacia)
Погон: напред бензинскиот мотор, назад електричен – со двостепен менувач кој работи до 140 km/h
Интересно е што задниот електромотор има две брзини – првата за максимална моќ на ниски вртежи и офроуд возење, втората за економично движење и погон при поголеми брзини.
Економија и домет
Со два резервоари од по 50 литри (бензин + LPG), новиот Duster може да помине и до 1.500 km без дополнување гориво. Во град, автомобилот до 60% од времето вози само на струја благодарение на регенеративното кочење.
Потрошувачка (LPG): 7,1 – 7,2 l/100 km
Потрошувачка (бензин): 5,5 – 5,6 l/100 km
CO₂ емисии: 116 – 118 g/km (LPG) / 124 – 126 g/km (бензин)
Во Франција, каде што литар LPG чини околу 0,97 евра, оваа технологија нуди до 30% пониски трошоци за гориво во однос на класичните mild-hybrid погони.

6 режими на возење за сите услови
Duster и Bigster добиваат 6 режими на возење, од автоматски 4×4 систем до специјални сетинзи за снег, кал, песок, како и Hill Descent Control за планински терени. Со ова, Dacia ветува дека новиот систем не само што е економичен, туку и вистински офроуд-партнер.
Поголема гама погони
Со оваа премиера, Duster ја освежува целата моторна понуда:
Hybrid 155 (замена за Hybrid 140) – 109 КС бензинец + два електромотори, до 80% градско возење само на струја.
Mild Hybrid 140 – нов 1.2-литарски турбо мотор со 48V систем.
Eco-G 120 – најновата LPG верзија, +20 КС повеќе од Eco-G 100 и до 1.380 km домет.
Внатрешност и опрема
Новиот Duster добива освежен ентериер со ексклузивни материјали, ново тапацирно решение и седиште со лумбална поддршка за возачот. Во врвното ниво „Extreme“ пристигнуваат и црни алуминиумски бандажи, а со хибридите се достапни и адаптивен темпомат и повеќе системи за асистенција.









