РЕВОЛУЦИЈА: Кинезите имаат батерија што издржува милион километри, 50 години и на – 30 степени

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеската компанија Geely произведе нова батерија од типот LFP. Оваа батерија може да издржи милион километри и задржува повеќе од 90 отсто од капацитетот на температури под -30 Целзиусови степени. Компанијата Geely сака да направи револуција на пазарот на електрични автомобили со новата батерија која овозможува натпросечна издржливост.

Новата батерија е од типот LFP (литиум-железо-фосфат), Модулите се за 40 проценти помали од стандардните, а Geely тврди дека издржува милион километри и дека нејзината издржливост е дури 50 години.

Исто така, новата батерија се полни побрзо и може подобро да издржи многу ниски температури. Батеријата ќе може да се полни 3.500 пати, а полнењето од 10 до 80 отсто трае 17 минути и 4 секунди. Покрај тоа, новата батерија успева да задржи 90,54 отсто од капацитетот на температура од -30 степени Целзиусови. Батеријата има густина на енергија од 192 Wh/kg.

Тајната на долгиот работен век на новата батерија лежи во нејзината конструкција. Батеријата постојано беше подложена на екстремни тестови, а овој пат Кинезите отидоа и подалеку.
Батеријата прво била прободена со осум челични игли со пречник од пет милиметри и оставена во таа состојба еден час. Компанијата дури испука куршум од 5,8 милиметри во батеријата и таа не се запали. Батеријата исто така била потопена во морска вода, фрлена во оган, па дури и прегазена со валјак од 26 тони. Батеријата не претрпе значителна штета.

Засега, Geely не објави кога ќе започне со производство на новата батерија, но сигурно е дека на конкуренцијата и фрлија ракавица во лице.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK