Kia во Женева ја претстави и плаг-ин хибридната верзија на моделот Niro што кон крајот на годинава треба да почне да се продава и во Европа. Сѐ уште не се знае цената за моделот, и истиот модел ќе го дополни семејството на Niro покрај Niro Hybrid, исто како и можното решение за електрично возило што исто така би можело да дојде подоцна.
Оваа плаг-ин верзија ќе биде заедно со 1.6 литарскиот GDI бензински мотор со директно вшприцување и 8,9 kWh литиум-полимер батерија, што има поголем капацитет споредбено со 1,56 kWh батеријата што ја има во Niro Hybrid. Toa ќе придонесе и за поголема моќност на електричниот мотор (60 КС) и 44,5 kW, и заедно вкупната сила на моторот ќе биде 141 КС и 265 Нм вртежен момент.
Во возилото ќе има шест степен менувач со двојно квачило, и на возилото ќе му требаат 10,8 секунди да забрза до 100 км/ч., што е за 0,7 секунди подобро во однос на стандардниот модел. Ќе испушта под 30 г/км. ЦО2. Ако се вози целосно на струја тогаш досегот е 55 км.
Една од технологиите што ќе ја има во Niro PHEV моделот вклучува регенеративни сопирачки, и Еco Driving Assitant System (Eco DAS), што му покажува на возачот како да вози поефективно. Потоа доаѓа и Coast Guide Control (CGC) да му сигнализира на возачот кога е најдобро да се тргне ногата од гаста, со што батериите ќе може да се полнат во моменти кога моторот нема оптоварување. Има и Predictive Energy Control (PEC) што работи заедно со навигацијата и круз контрол системот, и собира податоци за да покаже кога треба батериите да се заменат, или кога да се сочува енергија во тркалата.
Покрај овие технолошки подобрувања од Kia направиле и некои новини во надворешниот изглед за да се разликува од другите возила во понудата, како што се нов рамка на предната решетка, понагласени предни и задни браници со одредени детали, специјални 16 инчни тркала дизајнирани да го намалат отпорот на воздухот, нови целосно ЛЕД светла.
Во внатрешноста има повеќе кожни детали, детали околу отворите за воздух, нов 7 инчна возачка инструмент табла, и 8 инчен тач скрин инфо-забавен систем, и JBL премиум аудио систем.