Затоа е ЕУ: Ако го загубите пасошот, во било која амбасада ќе добиете патен лист

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот совет усвои директива за издавање на патен лист на ЕУ за итни случаи кој ќе ја олесни заштитата на граѓаните на Европската унија низ светот, се наведува во извештајот на Советот. Во случај на губење, кражба или недостапност на патни документи, ќе можете да контактирате со конзуларното претставништво на било која земја-членка на Европската унија, без оглед на националноста на ЕУ.

Документот на Советот ги наведува правилата и безбедносно-техничките карактеристики на пасошот за итни случаи (ETD). Тоа ќе го поедностави обезбедувањето патни документи до граѓаните на ЕУ кои немаат свои претставништва во земји надвор од ЕУ.

Правилата за ЕТД прв пат биле усвоени во 1996 година. Сепак, сегашниот формат на овој документ не ги задоволува современите безбедносни стандарди, создавајќи ризик од измама и фалсификат. На 31 мај 2018 година, Комисијата поднесе иницијален предлог за ажурирање на тие правила.

Патниот документ на ЕУ е документ кој ќе важи само за едно патување, односно ќе му овозможи на апликантот да се врати дома или во исклучителни случаи на друга дестинација.

При поднесување на барање, земјите-членки во чиј конзулат граѓаните ќе аплицираат, ќе го потврдат идентитетот со друга земја-членка околу државјанствотона лицето. Постапката нема да трае подолго од пет дена. Сертификатот за ЕТД ќе важи во времето потребно за патување, но не повеќе од 15 календарски дена. Кога се враќаат дома, примателите на тој документ ќе треба да го вратат до властите за безбедноста и ризикот од фалсификување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK