Сензација на повидок – PSA ги купува Jaguar и Land Rover?

ОБЈАВЕНО НА:

Сензационална вест доаѓа од автомобилската индустрија. Францускиот автомобилски гигант PSA планира да ги откупи Jaguar и Land Rover од индијската компанија Tata Motors. PSA Групацијата веќе подолго време е во потрага по нов партнер и збогатување на своето портфолио. Претходно PSA се обидуваше да ја придобие FCA, но сето тоа нема среќен епилог каков што посакуваше PSA.

Се чини дека тешката финансиска состојба во која се наоѓа JLR (Jaguar Land Rover) е идеална можност францускиот гигант да ја искористи во насока на придобивање на мнозинскиот пакет на акции, а со самото тоа и контролата врз овие два бренда.

Во моментов во PSA Групацијата успешно функционираат Peugeot, Citroen, DS и Opel, а изминатата деловна година беше рекордна по многу параметри.

Оваа вест не ја потврдуваат ниту демантираат ниту од PSA, ниту од JLR, но трендот на здружување на силите во автоиндустријата придонесува да оваа, сега за сега шпекулација, да не се земе со резерва.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK