Експертите од iseecars.com направија интересно истражување, а притоа ги анализираа сервисните акции, кои биле направени од 1985 година досега од страна на автомобилските производители.
Резултатите треба да покажат кои компании најчесто и најмногу создаваат дефектни автомобили, кои подоцна имаат потреба да бидат носени на сервис за поправка.
Според податоците на Националниот институт за сигурност при движењето (NHTSA), во последните пет години најретко на сервис вршеле германските Porsche и Mercedes-Benz, додека кај јапонските бренови лидер е Mazda, а следуваат Subaru и Toyota.
Од спротивна гледна точка кај американските производители, најдефектни се моделите на General Motors. Кај овој концерн само во последните пет години биле извршени сервиси на 55 милиони возила од различен бренд: Pontiac, Chevrolet, Oldsmobile, Cadillac, Buick и GMC.
Зад General Motors се наоѓа Chrysler, во чии сервиси за поправка биле повикани малку под 41 милион автомобили. На 3. позиција е Ford, каде бројката на возила кои биле вратени за сервисирање изнесува 25 милиони.
Експертите велат дека сите сервисни акции не биле организирани поради сериозни дефекти. Кај General Motors еден од поголемите проблеми беше со стартерот на автомобилите, кој ги погоди сите модели понудени од американскиот производител.
Покрај тоа, сите сервисни акции не се по вина на компаниите. Често тие биле принудени од страна на контролните ограни (како NHTSA, на пример). Таков е случајот и со Volkswagen и неговите дизел мотори, што доведе до еден од најголемите скандали во историјата на автомобилската индустрија, познат како „дизелгејт“. Како дел од него, германскиот концерн беше принуден да врати 6,5 милиони возила на сервис во периодот од 2014 до 2018 година.