Нов пад на продажбата во Кина – затишје пред бура или почеток на голема криза!?

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот пазар за автомобили важи воопшто за најголем национален пазар. Милионските месечни продажби придонесоа бројни авто производители, особено европските, да се ориентираат на овој пазар, а поволната бизнис клима приоднесе за појава на безмалку илјадници национални производители.

Сепак, последните податоци поврзани со продажбата покажуваат негативен тренд на растот на продажбата па така веќе четврти месец продажбата значително опаѓа. Но на што се должи ова? Дали е само изолирана, мала криза или претставува почеток на голема криза?

Гледано на годишно ниво, од 2008 година заклучно 2017 година продажбата постојано бележи тренд на голем раст. Така од 6,76 милиони возила во 2008 година, продажбата на патнички возила се зголеми на 24,72 милиони минатата година. Сепак оваа година, поточно во периодот јануари-септември, во Кина се продадоа само 17,26 милиони што доколку се стави и негативниот месечен раст, може да се заклучи дека оваа година е далеку под просекот.

Токму за да одолеат на профитабилноста која ја носи кинескиот пазар многутте светски производители ангажираа ресурси за да настапат на овој пазар. Оттука, евентуален крах на овој пазар може да предизвика сериозни финансиски штети на производителите, штети што тешко може да се анулираат.

Причините за ова се многубројни. Индиректно кинеската влада со дополниелната регулација на кредитите придонесе да се отежне финансирањето на купувањето на нов автомобил. Од друга страна, трговската војна помеѓу Кина и САД имаше негативно влијание, иако тоа во поглед на купувањето на автомобили е доста минимално.

Можеби најголема заслуга за овој пад на продажбата има заситеноста на пазарот. Ова може да произлезе од самиот факт што во последните 10 години во Кина се продадоа нешто над 100 милиони нови автомобили што секако е огромна бројка.

Аналитичарите опортунисти сметаат дека ова е затишје пред бура особено ако се знае  дека кинезите се “луди” по електрични автомобили, па на демонополизацијата на овој пазарен сегмент се гледа на шанса на купување на поевтин електричен автомобил наместо автомобил на бензински погон кој потоа ќе биде проблем при препродажбата како користено возило.

Дали дефинитивно ова е најава на криза или само затишје пред бура останува да се види во наредниот период во кој доколку се забележи континуиран пад на продажбата и незначителен пораст на продажбата на електрични автомобили тогаш се поизвесно е дека пред нас е почеток на голема криза во автомобилската индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK