Кинески Byton ќе ја освојува Европа од 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Не само на својот домашен пазар, кинеските производители на автомобили иднината ја гледаат и надвор од границите на Кина односно во Европа. Последен производител кој најави експанзија во Европа е Byton од каде најавија дека пазарот во Европа ќе започнат да го освојуваат од 2020 година.

Byton е еден од најмладите производители на автомобили во Кина, а за реализација на своите амбиции засега успеа да прибере над 500 милиони долари дополнителен инвестиционен капитал со цел експанзија во Европа и во Северна Америка.
“Сакаме со продажба во Кина да започнеме во 2019 година, а само неколку месеци подоцна и во Северна Америка додека во Европа во план е за крајот на 2020 година” соопштуваат од оваа компанија.

Од компанијата соопштуваат дека и изградбата на фабриката во Нанџинг напредува со голема брзина и влегува во завршна фаза исто како и продукцискиот прототип. Проектирана е за капацитет од 300 илјади автомобили годишно, но лесно може овој капацитет да се зголеми.

Byton M-Byte

Byton веќе претходно го објави својот прв прототип. Станува збор за кросоверот M-Byte кој премиерно ќе биде претставен следната година. Замислен е како конкурент на Tesla Model X, а според најавите на овој автомобил ќе конкурира и ценовно особено ако се знае дека почетната цена во САД ќе изнесува 46 илјади долари. Покрај овој кросовер, тука е и седан изведбата со која ќе се конкурира на Tesla Model S.

Засега нема информации поврзани со техничките карактеристики на овие модели, но се ќе биде познато на почетокот на следната година кога премиерно ќе бидат претставени продукциските изведби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK