По премиерата на еден од најголемите саеми за автомобили во Азија, саемот во Џакарта (Индонезија), Honda и официјално ја потврди втората генерација на градскиот автомобил Brio.
Покрај новиот екстериер кој е видно поразличен од првата генерација, и кој напред потсетува на Jazz, новиот Brio донесува и нов ентериер изработен од повеќе квалитетни материјали. Поголемата просторност е исто така карактеристична за втората генерација, а тука е и побогатата опрема.
Во однос на опременоста под хаубата, тука нема никаква промена и втората генерација ќе биде понудена со истите мотори кои се користат и кај претходната. Така во понудата ќе се наоѓаат 1.2 и 1.3 литарски i-VTEC мотори со по 90 КС. Новитет е автоматскиот менувач кој доаѓа со доплата.
https://youtu.be/FPa_Xtb9ZaE
Првата генерација на овој модел се појави во 2011 година, а целна група на истиот се земјите од Јужна и Југоисточна Кина. Токму и новата генерација ќе биде наменета за пазарите во овие земји што значи дека нема да биде понудена во Македонија и останатите земји од Европа. Производството на моделот ќе продолжи фабриките каде и до сега се произведувал односно во Индија, Тајланд и Индонезија.
Во зависност од нивото на опрема, продажната цена на овој модел се движи од 7 до 11 илјади евра.