Топ 10 на најпрофитабилни авионски линии во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе е јасно кои се десетте најисплатливи авионски маршрути низ светот, а истите носат и најголем приход за авиокомпаниите. Оние што ги исполнуваат заработуваат стотици милиони, па и милијарди долари годишно. И нормално е дека секоја авио компанија сака да има барем една или повеќе вакви линии.

Летот на British Airways меѓу Хиртоу во Лондон и аеродромот во Њујорк, ЏФК е на врвот на листата. Оваа маршрута носи милијарда долари годишно, што е околу 6% од вкупните приходи на British Airways во 2017 година. На час тоа е еднакво на 24.639 долари заработувачка.

Сепак, тоа не е најголемата заработувачка на час. Таа е за летот на Emirates од Хиртоу во Лондон до Дубаи. Тука заработувачката е 25.308 долари на час. Тој лет е дури на третото место на списокот на вкупна заработувачка, откако во една година реализираше 819 милиони долари.

Ранг листата е направена врз основа на податоците од приходите во периодот од април 2017 до март 2018 година. Пет од првите десет маршрути по приходи се или од или до аеродромот Хитроу во Лондон.

Сите авиомаршрути во Топ 10 се на редовни авиокомпании (не се на нискобуџетни) и комбинираат услуги од висока класа и со голема фреквентност. Така на примет летот од Мелбурн до Сиднеј кој е на второто место на списокот има околу 65 лета на ден. Тоа е лет со најголема заработувачка на внатрешна маршрута во класификациката, кој генерира 854 милиони долари годишно.

Овие дестинации вклучуваат голем дел од бизнис сообраќајот и се со поголема заработувачка. Во 2016 Etihad, националниот превозник на Обединетите арапски емирати го претстави најскапиот лет во светот со својот апартман “The Residence”. Билет во еден правец од Њујорк до Мумбај во тоа луксузно одделение за двајца чини 38.000фунти, а повратен билет 52.000 унти. Овој „пентхаус на небото“ доаѓа со домаќин, готвач и 32 инчен LCD телевизор.

Во продолжение можете да ги видите 10-те најисплатливи авионски дестинации во светот, сумите, кои ги генерираат на годишно ниво и авиокомпаниите кои ги исполнуваат.

10. Сиднеј-Сингапур – 543.723.893 – Singapore Airlines

9. Ванкувер – Торонто – 552.264.972 – Air Canada

8. Лондон– Доха – 552.658.316 – Qatar Airways

7. Хонгконг – Лондон– 631.855.868- Cathay Pacific Airways

6. Сан Франциско – Њујорк – 687.674.312 – United Airlines

5. Лос Анџелес – Њујорк – 698.074.171 – American Airlines

4. Лондон– Сингапур – 709.730.107 – Singapore Airlines

3. Лондон– Дубаи – 819.409.702 – Emirates

2. Мелбурн – Сиднеј – 854.692.402 – Qantas Airways

  1. Лондон – Њујорк -1.037.724.867 – British Airways
Следете не и на:

24AUTO NETWORK