Моторот ја губи силата, што е причината? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Со минувањето на годините кај автомобилите доаѓаат и одредени проблеми, а најголемите се случуваат со моторите кои после 150.000 до 200.000 километри ја губат силата. Секако интересна е причината поради која доаѓа до ова.

Старото правило вели дека оние кои не ги одржуваат автомобилите постари од десет години не треба да се чудат што сè почесто доаѓа до дефекти. Проблемите може да се сместат во категории кои ги содржат основните работи поврзани со нормалната работа на моторот како: воздух, гориво, компресија и палење.

Првото и најлесно решение за губењето на силата е замената на филтерот за воздух. Логично е ако не се менува редовно, да се наполни со прашина и моторот на тој начин не може да „диши со полни бели дробови“ со што би се добила квалитетна смеса на воздух и гориво.

Кај постарите возила кои имаат механички гас, доаѓа и до проблеми со сајлата. Таа може да се истроши и да се олабави, па секако треба да биде заменета. Следната работа е малку покомплицирана, а се работи за катализатор кој од време на време може да се загуши поради богатата смеса (премногу гориво). Кај бензинските мотори сметајте на неправилна на ламбда сондата (една од најважните компоненти во серијата на сензори кои ги проследуваат параметрите за правилна работа на моторот во сите услови на возење), а кај дизел моторите тоа ќе значи претерано создавање на саѓи.

Со текот на времето може да се потроши и пумпата за гориво, која е посебно чувствителна доколку автомобилот поголемиот дел од времето вози со малку гориво или на резерва. Движењата кои доаѓаат на високите вртежи на моторот и смалената снага можат да бидат како последица на проблеми со пумпата која не испорачува доволна количина на гориво.

Следната ставка се клипните прстени. За оние кои не знаат, тоа се еластични прстени кои се наоѓаат на жлебовите на клипот и спречуваат влегување на смесата во просторот над клипот во куќиштето. Тие се трошат по ѕидот на цилиндарот и предизвикуваат смалена компресија и сила на моторот, па автомобилот ќе биде обележан со познатиот облак на дим од издувниот систем.

Уште една скапа поправка се инјекторите на гориво. Тие можат да се запушат поради лошо гориво или поради нередовно менување на филтерите за гориво, па може да дојде до недоволно или до премногу горови. Посебно се чувствителни Common Rail дизел моторите кои имаат микроскопски излези за гориво кои мораат по многу голем притисок да вбризгуваат гориво во цилиндарот во облик на фина магла.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK