Германскиот давател на услуги за заедничко возење, CleverShuttle мина околу пет милиони километри со својата флота од Toyotа Mirai, без притоа да емитува штетни гасови за својата околина. Во две ипол години CleverShuttle со своите автомобили минал далечина шест и пол пати од Земјата до Месечината и назад, па тоа стана и најискористената флота Toyotа Mirai на светот. И во овој период возилата немале никаков проблем.
„Електричните возила со горивни ќелии како што е Toyota Mirai станаа важен столб благодарение на својата сигурност. Овозможија давање на удобно возење и безброј патници, испуштајќи во околината само водена пареа“ вели Јан Хофнам, COO и коосновач на CleverShuttle.
Оваа корпорација е стартувана во септември во 2017 година со почетните 20 Toyota Mirai во Хамбург, а нивната флота порасна на 45 автомобили во неколку градови во Германија. Низ овој период, не беа потребни никакви поправки ниту замена на делови, освен редовно одржување.
Toyota Mirai беше претставена во 2014 година, а во Европа е во продажба од 2015 година. Можат да ја нарачаат и физички и правни личности. Како луксузно возило, во оваа лимузина со горивни ќелии може удобно да се сместат четири патници на кои им се нуди патување со максимален преглед кон околината. Mirai, кој не испушта никакво загадување кон околината, бара само водород како гориво, кој се претвора во електрична енергија во горивната ќелија, а која потоа создава сила за електричниот мотор од 113 kW /154 коњски сили.
Како нус појава се појавува само водена пареа односно вода. Со еден резервоар гориво, Toyota Mirai минува до 500 километри, а дополнувањето на резервоарот со гориво-водород трае околу три минути. Подоцна во текот на оваа година втората генерација на Mirai ќе тргне во производство во Јапонија и новиот бизнис автомобил ќе им донесе уште поефикасни резултати на клиентите покрај атрактивниот изглед.